Утре е голем празник: Ова никако не треба да се прави, а еве каква есен нe` очекува ако времето биде ведро

Православните верници утре го прославуваат Рождество на Пресвета Богородица или во народот позната како Мала Богородица.
Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога.
И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа с ѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа.


Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук – но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата – тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана.
Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.


Народни верувања и обичаи
Некои семејства во свечена облека, иако не одат на слава или не слават, повеќе денови поминуваат во празнично расположение особено во краевите каде што се одржуваат панаѓури.
Се верува дека ако на овој празник е ведро, сонцето ќе се смешка и во текот на есената, а и во зина. Жените на овој ден не смеат да средуваат низ дома, да перат облека и други слични секојдневни работи.
Постои верување дека на Мала Богородица не треба ништо да се работи од работите со раце. Не е пожелно да се почнуваат никакви работи, и тие да се одложат за некој од наредните денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.