Утре е Лазарова Сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.
На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота.
На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели: „Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене“.
На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните. Во Македонија групи девојчиња облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.
Во Македонија групи девојчиња облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.