Патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, а за камионите тотална блокада.Штрајкот на грчките цариници ќе се одвива во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време).
Утре, во понеделник наутро ќе штрајкуваат грчките царински службеници на граничните премини, соопшти македонското Министерството за внатрешни работи.
Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).
Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.
Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.
Ова ќе значи метеж на граниќниот премин и препораките се да се избегнува овој тајминг или да се искориссти за одмор за оние кои возат подолги дестинации како што се тирусстуте од Србија и другите држави во регионот.
The post Утре наутро штрајк-блокада на сите гранични премин кон Грција appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



