Утре не очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, од среда топло со температура до 38 степени

Нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат метеролозите за утре, а од среда стабилизирање и пораст на температурата.
Утре локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Температуата ќе се движи утринската од 13 до 20, дневната од 24 до 34 степени.
Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време со повремена умерена облачност и со пораст на температурата, која ќе достигне и до 38 степени

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.