Утре посебен сообраќаен режим околу Соборниот храм

Утре, 6 јануари, со почеток во 11.00 часот во организација на Здружение за возобновување на православните традиции „Бадникови поворки“ ќе се одржи манифестација во рамките на Бадникови поворки.
Манифестацијата ќе започне во 11 часот на плоштадот пред црквата „Св. Димитрија“ (ул. Црвена Скопска општина). Од 11:45 часот до 12:30 часот ќе се одржи Бадникова поворка од црква Св. Димитрија (ул. Црвена Скопска општина) до Соборен храм „Св. Климент Охридски“. Учесниците ќе се движат од ул.„Иљо Војвода“, лево по бул.„Гоце Делчев“, право по бул.„Илинден“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“ до пред влезот на Соборен храм „Св. Климент Охридски“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.
Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат околу Соборниот храм. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.