четврток, 12 ноември 2026
Најново

Утре продолжува потрагата по жената што се фрли во Вардар кај Велес

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Телото на 55-годишната жена од велешкото село Сојаклари се уште не е пронајдено. Втор ден се трагаше по неа низводно по реката Вардар до сливот на реката Бабуна. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев за МИА изјави дека потрагата продолжува утре изутрина.

Најави дека освен полицијата, пожарникарите од Велес  и кајакари, според првичните најави, од утре истрагата ќе биде засилена и со екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, а има најави и за вклучување на екипи од Дирекцијата за заштита и спасување.

-Истрагата продолжува утре наутро и ќе биде засилена со полициска екипа на Единицата за специјални задачи ЕСЗ, изјави Самарџиев.

Педесет и петгодишната жена на 31 декември во 35 минути по полноќ се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес. Во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М  од Скопје пријавил во СВР Велес дека од домот се оддалечила неговата 55-годишна сестра М.К од велешкото село Сојаклари.