Утре точно во 22:36 часот се случува неверојатен настан: полната Месечина во Јарец ја менува судбината на 4 знаци

Полната Месечина (Buck Moon) нè очекува во земјениот знак Јарец на 10 јули во 22:36 часот, и ќе има силно влијание врз сите знаци, особено врз Јарците, Овните, Раковите и Вагите.Полната Месечина во Јарец носи енергија што нè повикува на одговорност, зрелост и соочување со реалноста. Ефектот на полната месечина ќе се чувствува две недели, а тоа е времето кога ставаме крај на нешто старо и отвораме простор за ново поглавје.Јарецот е знак на дисциплина , амбиција и постигнување на долгорочни цели, па затоа овој лунарен момент често носи кулминација на нешто на професионално ниво или во врска со лични достигнувања.Јулската полна месечина го носи и традиционалното име Еленска месечина, бидејќи во јули машките елени растат рогови.Преземање контрола врз сопствениот животЧовек чувствува потреба да преземе контрола врз сопствениот живот, да постави јасни граници и да донесе одлуки што водат кон стабилност. Емоциите можат да бидат интензивни, но и потиснати, бидејќи Јарецот не дозволува тие лесно да се изразат.Потребна е рамнотежаМногумина ќе бидат охрабрени во овој период да затворат едно поглавје и да направат место за ново, особено ако вложиле труд во нешто што сега дава резултати. Важно е да се слуша внатрешниот глас и да се усогласи срцето со умот.Оваа полна Месечина бара рамнотежа помеѓу личните потреби и професионалните обврски, но исто така дава можност за созревање, јасност и подлабоко разбирање на сопствената сила.

Пронајдете не на следниве мрежи: