Утрински проверки на телото кои можат да ви го спасат животот

Дали имате мали и меки израстоци на вашите очни капаци, колена и лакти кои изгледаат бело или бледо?

Добрата вест е што не станува збор за мозолчиња. Лошата вест е дека тие се мали наслаги од холестерол, според Смит. За жал, додека тие се појават, нивото на вашиот холестерол е веќе премногу високо, што е сериозен ризик за појава на срцева болест.

Посетете доктор за да го провери вашиот холестерол и прашајте го каква промена на вашиот животен стил ќе може да ви помогне за тие да не се појават повторно.

Дали вашата коса премногу ви паѓа?

Сте забележале ли некогаш за време на бањањето големо количество коса во вашата када? Наглото опаѓање на косата е чест индикатор дека имате проблеми со тироидната жлезда.

Кога таа не работи како што треба, може да го наруши балансот на машките и женските хормони, според д-р Сандра Фрајхофер, доктор во приватна пракса во Атланта. Доколку го имате овој симптом, во најбрзо време направете хормонски тест.

Дали имате премногу првут?

Ако одеднаш почне премногу да ви се лупи кожата на вашата глава, тогаш можеби треба подетално да го погледнете вашиот начин на живот. Големото количество стрес предизвикува вашето тело да произведува голема количина од хормонот кортизол.

Освен тоа што може да влијае на сушење на кожата на главата, може и да го намали имунолошкиот систем, како и да го наруши метаболизмот. Едноставен шампон против првут може да ви помогне со овој проблем, но ако не сакате до крајот на вашиот живот рамената да ви бидат „бели“, тогаш д-р Ариел Остад ви препорачува да почнете повеќе да спиете, да дишете длабоко и да го олабавите вашиот работен распоред.

Дали забележувате густа и темна формација од влакна на вашиот стомак?

Доколку срамните влакна преминуваат нагоре по вашиот стомак, тогаш тоа може да е знак за полицистични јајници, според д-р Памела Беренс од медицинското училиште на Универзитетот во Тексас.

Поради создавање на преголемо количество андрогени хормони, може да се појават нерегуларни и тешки менструални периоди, качување на тежината, акни и појава на густи и темни влакна на стомакот, лицето, градите и грбот. Доколку ги забележувате овие симптоми веднаш посетете го вашиот гинеколог, бидејќи во иднина можат да настанат проблеми како неплодност и срцева болест.

Дали имате бели, жолти или портокалови наслаги на вашиот јазик?

Овие симптоми укажуваат на проблеми со вашиот желудник. Во нормални ситуации, „вентилот“ кој се наоѓа во долниот дел на хранопроводот не дозволува тоа што ќе го изедете да се враќа наназад. При проблеми со желудникот, тој „вентил“ не работи како што треба и понекогаш спонтано се отвара.

На тој начин, дел од храната полека се враќа накај вашето грло, правејќи ви наслаги на јазикот и сериозен случај на „Годзила здив“. Доколку се сомневате дека ги имате овие проблеми, посетете го вашиот доктор кој ќе ви препише лекови за намалување на стомачната киселина.

Дали имате кафени кругови под очите кои никако не сакаат да си заминат?

И покрај тоа што спиете доволно и се одморате преку ден, тие сепак никако да исчезнат и поради тоа постојано се криете под неколку слоеви пудра… Според д-р Ариел Остад, ненадејната појава на темни кругови може да биде знак дека патите од алергии.

Накратко, кога алергија ќе го нападне вашето тело, тоа како одговор на неа почнува да лачи хистамин. Оваа хемикалија предизвикува отекување на вашите крвни зрнца и други видови течности и поради тоа се појавуваат темни кругови онаму каде што кожата е најтенка. Едноставен тест на кожата може да детерминира дали станува збор за алергии.

Дали забележувате жолтеникава грутка на вашето око?

Не, дефинитивно не сте развиле редок случај на оптичко мозолче. Станува збор за симптом на сосема безопасна болест која се нарекува „pinguecula“.

Тоа не е ништо повеќе од преголемо лачење на колаген кое е предизвикано од оштета од сонцето, ветерот или прашината, според Траси Голдстеин. Одржувајте ги вашите очи влажни со лубрикантни капки и заштитувате ги повеќе кога ќе бидете на отворено и набрзо ќе ви биде подобро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.