Утринското вежбање е важно за вашето здравје, овие 5 причини треба да ги знаете

Започнувањето на денот со утринско вежбање има свои предности, особено ако не можете да вежбате навечер.

Ова се пет причини за тоа зошто утринското вежбање е важно за вашето здравје.

1. Вежбањето наутро согорува повеќе маснотии
Малкумина знаат дека вежбањето наутро е поефективно во трошењето калории и согорувањето маснотии. Причината за тоа е брзата оксидација на масти што се случува природно кога вежбањето се прави пред појадокот.

2. Кожата добива природен сјај
Иако и вежбањето во било кој дел од денот помага во постигнувањето природен сјај на кожата, не може да се спореди со сјајот што ќе го добиете по правењето на утринските рутини. Досегашните истражувања покажуваат дека луѓето кои вежбаат наутро имаат посилен сјај и кожа од оние кои вежбаат навечер. Сончевата светлина и топлината се фактори кои влијаат на здравјето на кожата.


3. Ќе спиете подобро навечер
Вежбањето наутро му дава на телото здрав вид на напор и стрес што на крајот на денот резултира во длабок и подобар сон. Утринските вежби не само што влијаат на квалитетот на сонот туку помагаат и за подолги одмори на телото.

4. Вежбите наутро ќе ги намалат стресот и депресијата
Познато е дека физичката активност ги намалува стресот и депресијата. Раното станување и вежбањето ќе произведат ендорфин или хормон на среќата во организмот со што ќе се спречат нерасположението и депресијата.

5. Метаболизмот ќе биде побрз
Една од големите придобивки е забрзувањето на метаболизмот. Откако ќе завршите со вежбањето вие всушност сè уште ќе трошите калории. Најдобро е вежбите да се практикуваат пред појадокот.
Кога веќе ќе јадете вашето тело ќе ја користи храната за енергија. Ова покажува дека утринското вежбање може да го направи побрз метаболизмот, но и подобар со оглед на тоа дека овој ефект не го добивате ако вежбате навечер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.