Утрово експлозија во центарот на Атина

Во експлозијата која утрово околу 07:00 часот се случила пред црква Агиос Дионисиос во областа Колонаки во Атина експлодирала експлозивна направа. При експлозијата повреден е еден полицаец
кој е префрлен во болница, а реонот е блокиран. Повредите на полицаецот не се животозагрозувачки, а според информациите на грчките медиуми полесно повреден е и вработен во црквата.
Експлозивната направа била поставена во метална кутија,а ја открил вработен во црквата кој ја известил полицијата. Експлозијата се случила во моментот кога полицијата пристигнала да го испита пакетот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.