Утрово најстудено Скопје, во Шапка снег со висина од 19 сантиметри

Утрово најниска температура од -3 степени е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -2 во Тетово, Штип, Демир Капија, -1 во Струмица, Куманово, Скопје, нула во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Лазарополе и Скопје Зајчев рид, 2 во Пожране, Маврово, Претор, Тополчани, 3 во Гевгелија, Охрид и Крушево и 4 во Дојран.


Висината на снежната прекривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри.
Од утре, како што информираат од УХМР, ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура и расчистување на воздухот.
Времето ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи од снег. Наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински и дневни температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.