Утрово пријава за бомба во ЈСП  

Рано утрово имало дојава за бомба во Јавното сообраќајно претпријатие.

Според информациите, пријавата била во раните утрински часови, но засега нема повеќе детали. На вработените не им е дозволено да дојдат до своите работни места до целосна проверка на просторот.

Извори од лице место велат дека екипи на Министерството за внатрешни работи се веќе на терен.

Инаку, вработените на ЈСП за денеска најавија протест поради неисплатени плати.

Денеска точно напладне протест пред Владата. Вработените во ЈСП Скопје ќе протестираат пред владината зграда поради неисплатени плати.

Пронајдете не на следниве мрежи: