Утрово силен земјотрес на грчко- турската граница во Егејско Море

Земјотрес со јачина од 5.1 степен според Рихтеровата скала беше регистриран во 07:44 часот по локално време на грчко–турската граница во Егејското Море, jави дописничката на МИА од Атина.
Според Геодинамичкиот институт на грчката национална опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил 37 километри југоисточно од грчкиот остров Родос.
Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.