четврток, 12 ноември 2026
Најново

УХМР со вонредна временска прогноза за викендов- од понеделник пресврт во времето, особено подгответе се за среда и четврток

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денес претпладне променливо облачно со повеќе сончеви периоди во централните делови. Попладне ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд, грмежи и со услови за појава на град. Повеќе воден талог ќе наврне на југот и на истокот од земјата. Ќе дува слаб до умерен источен ветер. УВ=6
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.


Утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони и на север во Скопско. Во понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон западот, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекува условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе е за неколку степени посвежо.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а дневните температури од 18 до 32 степени.

Поврзани вести