Иранскиот министер за индустрија и трговија Реза Рахмани е инфициран од новиот коронавирус, објави иранскиот весник „Аср е Иран“.
Според весникот Рахмани е хоспитализиран во Техеран.
Претходно беше соопштено дека новиот коронавирус е откриен кај 23 ирански пратеници, а заразени се и потпретседателот на Парламентот и заменик министерот за здравство. Додека од Ковид-19 веќе почина советникот на верскиот лидер Мохамед Мир-Мохамади.
Иранското Министерство за здравство денеска соопшти дека досега се регистрирани над 2.900 инфицирани лица, од кои 932 починаа, а оздравени се 552.
ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!
Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА
За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!
ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.