Само еден ден откако фудбалскиот свет беше шокиран од смртта на американскиот новинар Грент Вал на трибините за време на пенал-серијата на мечот помеѓу Аргентина и Холандија, денеска доаѓа информација за нова трагедија на Мундијалот во Катар.
Според порталот „Гулф тајмс“, локалниот фото-новинар на телевизијата Ал Кас, Калид Ал Мусалам, починал додека ги пренесувал возбудувањата од настапот на најдобрите светски фудбалери. Детали околу неговата смрт засега нема, освен дека таа била изненадна.