Уште еден удар за Харис Џиновиќ! Ќерката на Џинoвиќ се исели од Србија, го напушти семејниот дом поради НЕГО

Ѓина Џиновиќ наводно повеќе не живее во Србија, а одлуката да ја напушти вилата во Сењак ја донела поради своето ново момче.

Наводно, саканата на Харис се преселила од Србија и се населила во Шпанија, поточно во Барселона.

Ѓина Џиновиќ секојдневно објавува видеа и фотографии на мрежите, каде што покажува како го поминува времето во ресторани, трговски центри, ужива на плажите, а исто така игра и тенис.

Таа секогаш е опкружена со луксуз, а сега живее на висока нога со своето момче.

– Џина во последните месеци поминува низ исклучително стресен период и ѝ требаше одмор. Неодамна, таа се гледаше со еден дечко кој со години живее во Шпанија, и сметаше дека единственото логично решение е да се пресели кај него и да ужива далеку од очите на јавноста – открива извор близок до Џиновиќ.

Како што објавија медиумите, односите меѓу Харис Џиновиќ и Џина се уште се затегнати, а нејзиниот потег да се пресели во Барселона не наиде на негово одобрување.

– Џина одлучи да се пресели без никаков претходен договор со Харис. Нивните односи не се најдобри уште од неговиот развод од Мелина, а секој нејзин чекор беше дочекан со незадоволство. Џина речиси и да не слуша за него откако замина за Шпанија, но не се сомневам дека ќе се смират, на крајот на краиштата, тие се татко и ќерка, и јасно е колку се сакаат – открива добро информиран извор за Информер.

Џина позираше покрај два огромни букети од околу 1.000 црвени рози. Седеше на подот облечена во црна свилена бањарка и не им откри на своите следбеници од кого го добила овој романтичен подарок.

Патем, Џина често се снима во предизвикувачки изданија, а нејзиниот татко дури еднаш коментираше дека тоа не му се допаѓа.

Да потсетиме дека Џина неодамна изјави какви квалитети мора да има нејзиниот идеален маж.

– Човек кој сака да ме освои би морал да го преврти целиот свет наопаку, не за да ме импресионира, туку за да докаже дека ја знае мојата вредност – напиша таа неодамна на Инстаграм.
The post Уште еден удар за Харис Џиновиќ! Ќерката на Џинoвиќ се исели од Србија, го напушти семејниот дом поради НЕГО appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: