четврток, 12 ноември 2026
Најново

Уште една авионска несреќа во САД, најмалку двајца загинати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најмалку две лица загинаа во мала авионска несреќа веднаш по полетувањето од аеродромот Ковингтон во Џорџија, соопшти полицијата.

Според извештајот на Федералната управа за авијација (ФАА), контролата на летање изгубила контакт со авионот „Роквел Командер“ набргу по неговото полетување во 23 часот по локално време. Полицијата во Ковингтон добила повик од FAA во 23:21 часот, по што полицајците излегле на местото на настанот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Полицајците ги лоцираа остатоците од авионот во шумска област северно од пистата. Две лица беа пронајдени во авионот и беа прогласени за мртви на местото на настанот“, се вели во полициското соопштение.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а властите, вклучително и FAA и Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB), продолжуваат да собираат информации.

Поврзани вести