Уште една мистериозна смрт во Русија: Тајкун поврзан со Путиновиот Гаспром пронајден мртов во Санкт Петербург

Рускиот милионер Јуриј Воронов (61), поврзан со енергетскиот гигант Газпром, е пронајден мртов во базенот на неговата вила во Санкт Петербург. Воронов е еден од неколкуте членови на руската елита кои починаа под неразјаснети околности во изминатите неколку месеци.

Дури 6 богари руски бизнисмени годинава умреа во неразјаснети околности:

Тој е шестиот богат руски бизнисмен кој умре во мистериозни околности од почетокот на годината, многу од нив биле поврзани со Гаспром, а двајца од нив загинаа во истото предградие на Санкт Петербург како Воронов.

Јуриј Воронов (61), шеф на логистичка компанија која имала профитабилни договори со Гаспром на Арктикот, бил пронајден мртов во својот дом во ултра богатите предградија на Санкт Петербург во понеделникот околу 14 часот, јавуваат медиумите.

Воронов бил пронајден во базенот со прострелна рана во главата. На дното на базенот се пронајдени уште неколку чаури.

Тој е шестиот богат руски бизнисмен кој умре во мистериозни околности од почетокот на годината, многу од нив биле поврзани со Гаспром, а двајца од нив загинаа во истото предградие на Санкт Петербург како Воронов. Рускиот истражен комитет ја истражува смртта на Воронов, која во моментов ја припишуваат на „спор со деловните партнери“.

Неговата сопруга, наводно, им кажала на истражителите дека Воронов верувал дека „нечесните“ изведувачи и партнери го измамиле за „многу пари“.

Но, бројот на смртни случаи во други куќи во близина на Санкт Петербург доведе до гласини за убиства кои се инсценирани за да изгледаат како самоубиства.

Александар Тјулаков (61), висок финансиски и безбедносен функционер на Гаспром, е пронајден обесен во својата куќа во ексклузивната зграда Ленински.

Инспекторите рекоа дека тој се самоубил, но локалните извештаи велат дека неговото тело покажувало знаци на тепање – што укажува на тоа дека бесењето било наместено.

Три недели претходно, во истата станбена зграда, 60-годишниот Леонид Шулман беше пронајден избоден до смрт во неговата бања.

Шулман беше шеф на транспортот во Гаспром Инвест, филијала на енергетскиот гигант што се занимава со инвестициски проекти.

Милијардерот Александар Суботин (43), поранешен извршен директор на енергетскиот гигант Лукоил, исто така беше пронајден мртов во мај, откако „зел совет од шаман“.

Една од теориите е дека тој бил отруен со отров од жаба кој предизвикал срцев удар.

Во април, богаташот Владислав Аваев (51), поранешен функционер на Кремљ, си го одзеде животот откако ги уби сопругата Јелена (47) и ќерката (13).

Тој имаше силни врски со водечката руска финансиска институција Газпромбанк.

Постојат тврдења дека тој имал пристап до финансиските тајни на елитата на Кремљ.

Неколку дена подоцна, мултимилионерот Сергеј Протошења (55) беше пронајден обесен во Шпанија, откако ги убил сопругата Наталија (53) и нивната ќерка тинејџерка Марија.

Тој беше поранешен заменик-претседател на Новатек, компанија исто така тесно поврзана со Кремљ.

Како и со Аваев, се сугерираше дека ова можеби е обид за атентат направен да изгледа како убиство-самоубиство.

Минатата недела мултимилионерот Евгениј Палант (47) и неговата сопруга Олга (50), двете родени во Украина, беа пронајдени мртви од нивната ќерка Полина (20) со повеќе убоди со нож. Палант го стекна своето богатство како филантроп во Абхазија, регион во Грузија признаен од Русија како независна држава. Имал интереси и во различни компании поврзани со руската елита.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.