четврток, 12 ноември 2026
Најново

Уште неколку сончеви денови, па голема промена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска температура до 16, а дневната ќе се искачи до 33-тиот степен.


Сончево и топло време ќе биде и во следните денови, а за време на викендот во попладневните часови се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.
Позначителна промена се најавува за во понеделник кога во поголем дел од државата ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура за десеттина степени.

Поврзани вести