Уште три нови пациенти со морбили сместени на Ифективна

Од Министерството за здравство соопштија дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, се хоспитализирани тројца пациенти со јасна клиничка слика на морбили. Се работи за двајца возрасни пациенти од населбите Карпош и Чаир и едно дете од Чаир. Дополнително уште двајца пациенти со полесна клиничка слика на морбили биле амбулантски прегледани, но биле пуштени на домашно лекување.
Од прогласувањето на епидемијата на морбили до денес се вакцинирани вкупно 2.925 деца, а само денес до 13 часот вакцинирано е 181 дете.
Вакциналните пунктови за време на викендот ќе работат од 7:30 до 13 часот, а од понеделник пунктовите ќе продолжат да работат во две смени од 7:30 – 19 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.