Уште 30 дена притвор за Владимир Атанасовски

Денес Кривичниот суд во Скопје за нови 30 дена му го продолжи притворот на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. Откако на минатогодишните рочишта на судењето за настаните од 27 април, дел од обвинетите го посочија како организатор на насилниот упад во Собранието, заедно со други лица, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“.
Владимир Атанасовски на чело на УБК дојде на крајот на 2016. година, кога од функцијата замина тогашниот директор, Сашо Мијалков.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.