За Мијалков 30 дена притвор за „Империја“

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков веќе се наоѓа во притвор во затворот „Шутка“, откако судот на 20 ноември му одреди притвор од 30 дена на барање на СЈО за предметот „Таргет – Тврдина“. Тој вчера бил донесен од затворот во Шутка во Основниот суд Скопје 1 по 15 часот, откако било поднесено барањето за нов притвор од 30 дена. Ноќеска по полноќ, од судија на претходна постапка, Мијалков доби мерка притвор во траење од 30 дена за „Империја“. Првата, која сега се укинува, беше за обвинет во предметот „Тврдина-Таргет“ за масовното прислушување, а вторава како за осомничен во истрагата на СЈО за предметот „Империја“.
Неофицијално, по барање на СЈО оваа мерка притвор му е досудена поради опасност за влијание врз сведоците. Ваквата мерка не овозможува барање да се пушти од притвор со гаранција, како што е тоа случај за опасност од бегство, кога пред судот може да се гарантира со пари или имот.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.