Факти за добробитите од лененото семе

Еден од најдобрите начини за превенција од болести на срцето и крвните садови е режим на исхрана каде има намелено количество на заситени и транс масти и зголемена консумација на монозаситени масти во која група припаѓаат омега-3 масните киселини од лененото семе и рибатa.
Омега-3 масната киселина што ја има во лененото семе делува против воспаленија, го нормализира пулсот, ги штити артериите и крвните садови, со што го намалува ризикот од инфаркт и инсулт кај пациенти со диабет и проблеми со срцето.


Според повеќето студии омега-3 помага да се намали нивото на холестерол. Лененото семе е исто така полезно за намалување на крвниот притисок и против аритмија и задржување на вода.
Потврдено е исто така дека омега-3 масните киселини учествуваат во уништувањето на некои видови ракови клетки, без да нанесува штета на нормалните клетки во организмот, ги олеснува симптомите на болеста и има докажан заштитен ефект против рак на дебелото црево, простатата и рак на градата.
Има позитивен ефект при лечење на кожни болести како псоријаза, акни, екземи, првут и др. Помага на организмот да се справи со состојби на стрес и напнатост.
Делува ефикасно за намалување на телесната тежина и ете зошто се препорачува лененото масло да се вклучи во вашата диета во комбинација со физичка активност, ако имате желба да постигнете таков ефект.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.