„Фактор“: Адвокатот Серјожа Марков ќе собира опасен отпад кај топилницата „Скопски легури“?

Серјожа Марков, адвокат познат во јавноста како близок до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но и до поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, основал фирма за собирање опасен отпад во кругот на „Скопски легури“, производителот на фероникел, кој не работи 13 години, во комплексот „Рудници и Железарница“ во Гази Баба, пишува „Фактор“.

Познатиот скопски адвокат ја основал „Хемо Сервисис“ заедно со Тијана Бамболи Делевска, а за управители се назначени Димитар Делевски и Зоран Никитовиќ од Бар, Црна Гора. Адресата од февруари, по еден месец од регистрацијата, е променета и се наоѓа на 16-та македонска бригада 18, Гази Баба, каде што е и топилницата.

На истата адреса на почетокот на оваа година формирана е нова компанија „Скопскилегури Аллојс“ со главнина од 22 милиони евра. Директор е Украинецот Денис Корнијенко, а сопствениците се од Обединетото Кралство. Во истиот период на истата адреса со „Скопскилегури Аллојс“ е основана уште една компанија – „Интернешанал Ресајклинг Енд Фералој Трејдинг“. Сопственик и управител е албанскиот бизнисмен Башким Прогри, кој во Елбасан ја поседува „Карбон Плант“ за производство на паста за електроди за металуршката индустрија за феролегури како фероникел, феросицилиум, фероманган и ферохром. Останати двајца косопственици во „Интернешанал Ресајклинг Енд Фералој Трејдинг“ се Сергеј Дроздов и Андриј Хорбатенко од Украина.  Официјалната дејност е трговија со отпадоци и остатоци.

Инаку сопругата на Марков, Аделина Тахири, најмалку два пати беше забележана во првите редови на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ додека партијата беше во опозиција. Пејачката беше во непосредна блзиина до самото раководство.

Од она што е познато е тоа дека „Скопски легури“ имаат поднесено барање до Министерството за животна средина за А-интегрирана дозвола за работа во која пишува дека се планира месечно производство од вупно 6.500 тони феросиликоманган и фероманган. Барањето е поднесено поради „пуштање Инсталација во работа после застој“.

ЛИНК до целиот текст на Фактор

Пронајдете не на следниве мрежи: