четврток, 12 ноември 2026
Најново

Фановите во неверување во што излегла Џеј Ло од дома: Стајлингот чини колку стан во Скопје, но никој не е воодушевен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За тоа дека и на најдобрите може да им се случи да погрешат, доказ е последниот моден избор на Џенифер Лопез.
Иако за овој стајлинг ‘искеширала’ околу 40.000 евра, не успела никого да воодушеви.
Кога на поп дивата ќе ѝ се допадне нешто, таа не прашува колку чини, меѓутоа овојпат направила вистински промашај.


Таа се појавила на снимање на една емисија во стајлинг во кој доминира змиски принт.
Носела фустан, длабоки чизми и капут, сите во иста, црно-бела нијанса.
Целокупниот изглед го надополнила со мала црна чанта.
Иако монохроматскиот стил и натаму е актуелен, модните експерти велат дека овој дизајн одамна не е во мода.
„Целосен промашај овојпат“, едногласно велат критичарите. Ниту нејзините фанови не биле воодушевени со овој избор, па постојано се нижат критики на социјалните мрежи.

Поврзани вести