четврток, 12 ноември 2026
Најново

Фантастичен рецепт: Направете сами крема за раце (РЕЦЕПТ)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рацете се лична карта за една жена. Колку пати сте ја чуле оваа изрека? Но всушност тоа е вистина. Женските раце знаат да „патат“ многу повеќе од машките. Изложени се на вода, детергенти за перење и други хемикалии, поради што кожата многу почесто се суши и е склона кон пукање и создавање флеки.

Еве како да подготвите домашна крема за раце која успешно помага да го спречите создавањето на старечки флеки и збрчкана кожа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Направете маска за раце од :

1 жолчка
1 лажица мед
1 лажица растително масло (маслиново,кокосово,сончогледово)

Растопете 2 лажици сол во 1л топла вода.

Држете ги дланките во овој раствор околу 10 минути.

Откако ќе ги извадете рацете, исушете ги добро и премачкајте ги со претходно подготвената маска.

После 20 минути измијте ги рацете со млака вода.

Оваа маска за раце можете да ја повторите после 3-4 дена.