500 г брашно
250 мл вода
50 мл масло
20 г квасец
1 лажица шеќер
1 лажица ванилин шеќер
прстофат сол
100 г еурокрем
100 г чоколадо за готвење
2 лажици масло
Во млака вода се топи квасецот со 1 лажица шеќер и една лажица брашно, и се остава да стаса.
Остатокот од брашното се става во длабок сад. Се додаваат стасаниот квасец, маслото, ванилиниот шеќер и солта. Се замесува тесто и се остава да стаса. Тестото се размесува и се дели на три дела. Од секој дел се прави голема кора и се сече ја на 8 триаголници. На секој се става еурокрем и се витка кифличка. Се редат кифличките во тава и се печат 20 минути на 180 степени.
Чоколадото се топи со маслото и се нанесува на кифличките.