Моделот Наталија Водјанова е бремена. На 45 години го очекува своето шесто дете, а убавата вест ја сподели со списанието „Вог“.
Руската манекенка Наталија Водјанова и нејзиниот сопруг Антоан Арно го очекуваат своето трето дете , а ова е воедно и шесто дете за познатата манекенка која има уште три деца од првиот брак со Џастин Портман .
Веста за тоа ја сподели со француското издание на списанието „Вог“ . Како што можете да видите, Наталија позираше во мини фустан кој го истакнуваше нејзиниот труднички стомак, а на својот стајлинг додаде и лежерни патики.
View this post on Instagram A post shared by Vogue France (@voguefrance)
„На почетокот на годината, помеѓу две модни ревии, Наталија Водијанова ми се довери дека е бремена“, пишува во објавата на францускиот Вог на Инстаграм. „Нејзиното шесто дете, на 44 години. Веднаш знаев дека мора да ја краси нашата летна насловна страница.“
View this post on Instagram A post shared by Vogue France (@voguefrance)
Љубовната приказна на Наталија и Арно
Водијанова и Арно се запознаа во 2008 година за време на снимањето на кампањата за брендот Луј Витон. Тие ја објавија својата свршувачка во јануари 2020 година, а се венчаа во јуни истата година во Париз.
Арно е извршен директор на компанијата Берлути , а неговиот татко, Бернар Арно, е претседател и извршен директор на луксузниот конгломерат LVMH.
The post Фаталната руска манекенка го очекува своето шесто дете на 45 години appeared first on Во Центар.



