четврток, 12 ноември 2026
Најново

Фатена група крадци на железо во Кавадарци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Група крадци на железо и алати биле фатени на дело вчера во кавадаречкото село Мрежичко, а при претресот на нивните домови и на просториите на фирма во селото, полицијата пронашла и гасен пиштол, куршуми и детектори за метал, соопшти полицијата.

„На 30.05.2025 во 16.30 во село Мрежичко, кавадаречко, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово, ги лишија од слобода од слобода Т.С.(52), С.С.(54) и 44-годишната С.А., тројцата од Кавадарци и Б.С.(46) од село Мрежичко. Имено, при контрола на товарно возило „Исузу“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Т.С. и товарно возило „Форд“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.А., каде на местото биле затекнати и лицата Б.С. и С.С., товарните возила биле товарени со железо и делови од железни конструкции, за кои било констатирано дека биле одземени од претоварни станици на фабрика од кавадаречкото подрачје“, велат од МВР.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„По издадени судски наредби, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле и претреси во домовите на Т.С, С.С., С.А. и Б.С., каде кај С.С. биле пронајдени и одземени и гасен пиштол „ZORAKI“ и три маневарски куршуми, кои ги поседувал без соодветна документација. Исто така претрес бил извршен и во простории на правно лице во село Мрежичко, сопственост на С.С., каде биле пронајдени и одземени два метал детектори „Wave Terminator“ и „Tekpoint“, два помали рачни детектори за метал „SHRXYGPPOINTER II„ и „GARRETT PRO POINTER“, две метални штипки-штангли и една брусалица за метал „HUSQVARNA K-750“. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци. Т.С, С.С., С.А. и Б.С., биле задржани во полициска станица, известен бил jавен обвинител и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се додава во соопштението.

Поврзани вести