Кон крајот на септември, ловец на алигатори во Јужна Каролина фатил примерок од три метри, а потоа се пофалил со него на Фејсбук.
Сепак, вниманието не го привлече должината на предаторот, туку она што беше пронајдено заглавено во неговите смртоносни вилици.
„Ова беше залак“, напишал ловецот покажувајќи фотографија од долната вилица на чудовиштето.
Во нив ги гледаме роговите на белоопашест елен, со кој алигаторот очигледно се борел во текот на целиот свој живот.
„Веруваме дека роговите биле во вилиците шест месеци или помалку. Беа заглавени додека тој го џвакаше пленот“, објаснил мажот.
Тој додава дека видел многу чудни работи во природата, но никогаш ништо вакво, пренесува Yahoo News.
„Ова ја покажува деструктивната моќ на алигаторите кои се обидуваат да јадат и рогови. Претпоставувам дека еленот пиел вода, а предаторот искочил и го грабнал“, рекол ловецот.
- Седлоски: Секој меч во втората полусезона ќе биде како финале за Вардар
- Познато кои се ќебапчилниците за кои Груби потрошил 20 илјади евра
- Александра Пријовиќ е бремена, пејачката го чека второто дете
- БУГАРИЈА ОСТАНА БЕЗ ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: Зошто е прекинато снабдувањето со гориво?
- Вана откри како настанала песната „Tek je 12 sati“: Од самиот почеток знаевме дека песната е посебна (Видео)
Одделот за природни ресурси во Јужна Каролина одржува годишна сезона за рекреативен лов на големи влекачи од 2008 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.