Фајзер бара одобрување на вакцината за деца од 5 до 11 години

Денес, фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бајонтек“ доставија до Американската администрација за храна и лекови прелиминарни резултати од тестирањето на употребата на нивната вакцина против вирусот корона за деца на возраст од пет до 11 години.
Компаниите најавија дека наскоро ќе испратат официјално барање до ФДУ за одобрување на вакцината за деца од оваа возраст, бидејќи тестовите покажале дека вакцината е ефикасна и безбедна и за нив, пренесуваат агенциите.
Вакцината претходно беше одобрена за употреба кај деца постари од 12 години, и во Соединетите држави и во европските земји.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.