Фајзер: Вакцината дава силен имунолошки одговор кај децата на возраст од 12 до 15 години

Фармацевтската компанија Фајзер објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 дава силен имунолошки одговор против Ковид. Ова го покажало истражувањето на вакцината кај деца на возраст од 12 до 15 години.
Од компанијата потенцираат две дози се 100 отсто ефикасни против Ковид-19, врз основа на мерењата направени четири месеци по примањето на втората доза.
Фајзер планира, по анализата на долгорочните податоци, да аплицира за целосно одобрување на вакцината за оваа возрасна група во САД и ширум светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.