Феноменални трикови за најсочно месо: Во оваа маринада месото ќе стане меко и ќе се топи во уста!

Сигурно не сте секогаш воодушевени од квалитетот на месото што сте го купиле
Понекогаш купеното месо изгледа жилаво и тврдо и се плашите дека ќе биде такви и кога ќе го зготвите и приготвите за јадење. За да не се случи тоа, применете некој од следниве трикови…
Шницлите или батаците печете ги со резанка јаболко, ананас или круша. Покријте го месото со овошје, па неговите сокови ќе се испуштат и ќе ја ублажат жилавоста, а месото ќе ги впие соковите, ќе омекне и ќе биде посочно.
Вечерта, пред да го сечете, ставете го месото во маринада од јаболка, лук и маслиново масло. Оставете го во фрижидер цела ноќ. Маринадата ќе го омекне и ќе го направи неспоредливо повкусно и посочно.
Половина час пред да ги печете шницлите или батаците, држете ги во лимонов сок, бидејќи тој најдобро ќе ги измие.
Неколку минути пред печење, прелејте го месото со сладок газиран сок, исушете го пред печење и посипете го со бибер. Ова ќе направи месото да биде помеко и посочно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.