Фергусон не им се обрати на медиумите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон не се појавил пред новинарите по натпреварот со Реал, бидејќи бил „потресен од она што се случило на теренот“.

Асистенот на Јунајтед, Мајк Филан се појавил пред новинарите со зборовите дека сите во соблекувалната биле потиштени. Фергусон, кој со не појавувањето на прес конференцијата го покажа бунтот кон УЕФА, од исклучувањето на Нани, кое го промени текот на натпреварот, најмногу беше лут на судијата Чакир. До моментот на исклучувањето Манчестер целосно го контролираше натпреварот, а имаше и предност од 1:0. По 56.минута Реал предноста од играч повеќе бргу ја материјализира и стигна до победата од 1:2. „Менаџерот не е во состојба да разговара со судиите за таа одлука. Тоа што јас сум тука доволно зборува за нашиот став по тоа прашање“, рекол Филан. „Сите во стручниот штаб сметаме дека одбравме вистинска тактика за овој натпревар. При резултат 0:0 се чувствувавме многу комотно. Бевме во позиција која ја посакувавме, а кога постигнавме гол стекнавме целосна контрола над натпреварот. А потоа, по една запрепастувачка одлука се се смени, моравме да продолжиме да се бориме, а да се игра против Реал не е лесно ни со 11 играчи. Судиите се тука да носат одлуки, но постои и потреба одлуката да биде вистинска. Сите медиуми и публиката може да ја процени исправноста на одлуката. Јас само можам да кажам дека таа одлука го уништи натпреварот“, изјавил Филан. Претходно, тренерот на Реал, Жозе Мурињо, дипломатски оцени дека Манчестер Јунајтед во двете средби бил подобар противник.
Макфакс
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон не се појавил пред новинарите по натпреварот со

Пронајдете не на следниве мрежи: