Ферстапен освои пол-позиција во Џеда

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, обезбеди пол-позиција пред престојната трка за Големата награда на Саудиска Арабија, што е петтиот настан од сегашната сезона на Формула 1. Холандскиот натпреварувач, по вторпат годинава, триумфираше во квалификациите, совладувајќи ги конкурентите на улиците на Џеда со време од 1:27.294. Со оваа победа, тој беше побрз од Оскар Пјастри од Мекларен за само 10 илјадити делови од секундата. Џорџ Расел од Мерцедес успеа да се пласира веднаш зад нив со заостаток од десетинка зад австралискиот натпреварувач. Ред до Расел ќе стартува Шарл Леклер од Ферари, а потоа следат Карлос Саинц од Вилијамс и Луис Хамилтон исто така од Ферари. Јуки Цунода од Ред Бул и Пјер Гасли од Алпин се изборија за место меѓу првите десет на стартот. Квалификациите беа дополнително обележани од инцидентот на Ландо Норис, кој направи грешка и удри во заштитната ограда, што предизвика застој. Овој инцидент се случи на почетокот на третата квалификациска сесија, оставјаќи го лидерот на генералиот пласман да започне од 10-тото место. Трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе се одржи в недела со почеток во 19 часот.
The post Ферстапен освои пол-позиција во Џеда appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: