Фејсбук ве следи на интернет дури и ако немате профил

Фејсбук развил доста опсежна мрежа со помош на која ве следат дури и кога немате налог на оваа социјална мрежа.

Со самото тоа, дури и ако не сте на Фејсбук, оваа социјална мрежа користи поприлично импресивни трикови за да ве следи.

Ова се сите алатки со помош на кои ве следи на целиот интернет:

-Плагинзи како што се “Share” и “Like”копче, кои може да се најдат на бројни сајтови се користат за да ја следат вашата активност.

– Facebook Login, кој се користи за да се логирате на одреден сајт и апликација за да не морате на некој сајт да правите посебен налог.

– Facebook Analytics е апликација која на сопствениците на сајтовите им дава информации за тоа како и кога луѓето вршат одредени работи на нивните сајтови.

– Facebook ads и други алатки за мерење, вклучувајќи го тука и Facebook Pixel,се користат за да мерат колку некоја реклама е успешна и потоа тие податоци ги испраќат на Фејсбук, а помеѓу нив се наоѓаат и сајтовите кои сте ги посетиле и што сте правеле на нив, дали сте купиле некој производ на пример.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.