Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија е слична на режимите во Иран и Венецуела

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, коментирајќи ги случувањата на Блискиот исток, рече дека САД се наш стратешки партнер и дека нападот на Иран уследил откако биле исцрпени сите механизми за преговори. Очекува деескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела, рече Филипче.
Според Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во изолација, иако европската интеграција е наш стратешки интерес, а дополнителна загриженост, како што рече, предизвикуваат контактите со структури блиски до рускиот претседател.
– Вториот човек на Владата не ги крие контактите со Ноќните волци, луѓе блиски до рускиот претседател Путин, рече Филипче на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: