СДСМ поддржува покачување на платите, недозволиво е Синдикатот да нема поддршка од владата, истакна во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
– Растат трошоците, а нема никаква најава за зголемување на платите за работниците. Синдикатот за првпат после толку години излегува со такво барање и нема соговорник во владата. Во нашата Влада ние бевме тие коишто ги промовираа нивните интереси нивните потреби и ги зголемувавме и платите и минималната и просечната на граѓаните и сега стоиме дека платата треба да порасне. Поднесовме закон кој за жал не се прифати, истакна Филипче.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.