Филип Милошевски дел од Конференцијата на генерални секретари на ЕХФ



Погледите на ракометна Европа оваа седмица ќе бидат насочени кон Копенхаген, каде раководството на ЕХФ организира неколку состаноци, а за утре е закажана и жрепката за квалификациите за ЕП 2026.

Од денеска па се до петок ќе биде одржана и конференција на генерални секретари под на федерациите кои се наоѓаат под ЕХФ, чиј дел е и првиот оперативец на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски.

Милошевски ќе биде дел од неколкудневниот состанок на кој ќе биде дискутирано на најразлични теми, од односи со медиумите, борбата против допингот во ракометот, ринк-конвенција за тренери, систем за натпреварување во младинските категории во иднина… се со цел да биде донесен заеднички заклучок со кој ракометот ќе продолжи да се развива како елитен спорт.

Ова е 14-та ваква конференција на генералните секретари што ја организира европската куќа на ракометот, на која беа презентирани и кандидатурите за организација на наредните сениорски европски шампионати, во периодот од 2030 до 2032 година.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: