Филип Петровски во Струга – долу Преспанскиот договор и промената на името! (2019)

Филип Петровски во Струга – долу Преспанскиот договор и промената на името!
Тезите на д-р Филип Петровски, интегрално. Погледајте. Некои велат убедливо најјакиот говор на собирот на ДПМНЕ вчера. А на собирот, приватната забава на Мицковски, со фингирани бројки и делегати, беше избрана, очекувано кандидатката предложена од професори членови на СДСМ и борд на СОРОС…

Во живо од Конвенцијата во Струга. Проследете ги тезите кои ги понудив а кои не беа прифатени, под чудни околности.

Posted by Filip T. Petrovski on Saturday, February 16, 2019

Повеќе за ставовите на д-р Филип Петровски ТУКА
Сајтот на д-р Филип Петровски ТУКА
Биографија на д-р Филип Петровски ТУКА

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ:

Добар ден на сите.

Се надевам дека сте добро расположени. Малку е вака напорно да се слушаат повеќе луѓе од кои што како што чув од некои од делегатите горе-доле споменуваат исти работи. Затоа јас се надевам дека од мене ќе чуете нешто малку поинакво. За жал не стигнав да ги посетам сите Општински комитети, и морам да кажам дека кампањата беше извонредно кратка и немавме доволно време едноставно да се видиме со сите вас, а сакав. Затоа, за некои од делегатите ова веројатно ќе биде повторување, но за некои ќе биде прво слушање, прво гледање… Се чини дека ова и беше намерно дизајнирана кратка кампања за да остане се сепак на ниво на тесна партиска елита, слично на предваландовските настани…

Јас побарав и видео бим да имаме, за една презентација да ви пуштам. За жал, ми беше одговорено дека нема видео бим, ама сега гледам дека има видео бим. Ајде не е важно… Презентациите може да се погледаат кај мене на профил. Ги има во видео форма.

Јас имам четири тези, основни, за тоа што треба да прави надерниот Претседател на Република Македонија. Можев да издвојам и 254 тези, но мислам дека тоа би било расплинување, бегање од тема, бегање од одговорност и добар дел од нив би биле чиста замена на тези.

Ние мора да имаме јасен фокус каков Претседател на Република Македонија ни треба. Тој треба да работи според мене на четири основни постулати:

Првиот е поништување на Преспанскиот договор, без пардон;

Вториот е поништување на двојазичноста, без пардон;

Трет постулат е враќање на нашата држава кон Илинденските и Асномските принципи и

Четврт постулат, четвртиот столб, активност на Претседателот мора да биде предизвикување на предвремени парламентарни избори.

Она што е мотивација за мене да ги соопштам овие ставови, тези позади кои ќе стојам како Претседател на Република Македонија е дослухот со народот. Дослухот со членството на ВМРО. Не знам како ќе реагира овој аудиториум и не знам дали ќе се сложат со мене делегатите, меѓутоа во Македонија не постои член на ВМРО, ниту Македонец, кој што не мисли дека Преспанскиот договор треба и мора веднаш да се стави во процедура на поништување. Нашиот народ на 30-ти септември јасно кажа дека не сака промена на името. На 30-ти септември тој беше прашан во едно сложено, двосмилено прашање кое што беше мамка, беше јамка, за да се сложи со промена на име како замена за членство во ЕУ и НАТО. Тоа беше лага. Тоа беше мамка која што народот ја виде, процени и не ја прифати. И потоа казни.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2: ⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.