За да имаат кликови и да монетизираат поединци кои се самонаречени инфлуенсери, јутјубери и слично, се деградира целото општество и нема мера кој што објавува и често се злоупотребува, коментира Филип Петровски во денешната епизода на Тешки муабети, во врска со последните случувања со новинарот Драган Павловиќ Латас.
– Ова е можеби билдање на еден јутјубер, или инфлуенсер, земајќи предвид дека Латас не оди во емисии без да има „рачун”.
На прсти се бројат на една рака луѓето кои ја сфатија предноста да се продуцираат содржини на овој начин, ова е сосема поинаков медиум.
Во овој простор македонски нема сериозен пристап, има секакви самонаречени инфлуенсери што си прават видеа по две-три минути, нема сериозен пристап, концепција, затоа се мислев дечково да не пробуваат да го направат со политичка вредност на крај, па после видов дека бил шарен револуционер.
Дегенерацијата на просторот кој го имаме онлајн наместо да се промовира еден одговорен начин на работа, ова што го гледаме е буквално ѓубре за мене, не е продукт и има сериозно негативно влијание во деградација на општеството, општествените норми, односите меѓу луѓето, во отуѓување од припадност кон заедницата, вели Петровски.
– Не верувам дека Латас ќе се стави во функција да биде инструмент на било која политичка опција бидејќи бил и се изгорел, мислам дека отишол таму како поканет гостин, пробува да се измери таму, инхерентно не мислам дека човекот во било која ситуација човекот има некакви задни намери.
Јас од друг аспект го кажувам ова, ако имал таква ситуација не му требаше таа позиција да ја извади на тој начин, можел да напише книга, може да инспирира други деца да го направат тоа да мислат дека е позитивен пример.
Стефан ја почна кариерата кај Боки 13 во телевизија, рекетарска телевизија, си направи Јутјуб, после отиде во Алфа, од Алфа излезе и си го набилда каналот, додава Митовски кој вели:
– Тема на разговор беше да парафразирам “дали Африканките мирисаат лошо”, се ставаат на пиедестал порно актери, луѓе со сомнителни морални вредности, наместо Косово, Русија, Македонија, економија, земјотрес во Турција, дали и кај нас при таква магнитуда може да се случи нешто такво.
За ситуацијата во државата сме одговорни сами, не ги интересира граѓаните каков буџет е направен и колку улици ќе се направат, туку длаи некој некого силувал и Зоки Фаци и слични. Не се вреднува тоа што треба, квалитетот на сопствениот живот, сме дозволиле да се занимаваме со “игри и леб” вели Митовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.