Финален позитивен исход од средбата Заев- Ахмети , НЕМА!

Во Собранието по двочасовната средба, финален позитивен исход нема од Заев- Ахмети. Тие не успеаја да се договорат за новото парламентарно мнозинство и за тоа како ќе изгледа владата.

По завршувањето на средбата претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјавти дека до петок, кога истекува рокот за доделување на мандатот ќе го добие мандатот и ќе формира мнозинство.

Новинарите го прашаа Али Ахмети дали албанец Премиер е главна пречка  за неуспешната средба , на што тој одговори:”- Јас сметам колку што сме блиску , толку сме и далеку , но сепак сите страни треба да ги имаат во превид големите интереси на државата”.

Роковите течат, петок е крајниот рок кога ќе биде доделен мандатот за состав на новата Влада.

Кој ќе состави парламентарно мнозинство , дали ќе се испочитува крајниот рок допрва ќе видиме до крајот на оваа недела.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.