Фирма со одземена лиценца ја градела дивоградбата на заменик градоначалникот на Прилеп, откриваат граѓаните!

Фејсбук страницата „Прилеп Правда Вистина“ сподели објава каде детално објасува за градбите на заменикот градоначалник на Прилеп, Бозоски.

– Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се главни креатори на урбанистичкото дивеење и процутот на дивоградбите во Прилеп. Меѓу нив, “ороводец“ е заменикот градоначалник и член на Советот на Општина Прилеп, сопственикот на „Просперо“- Диме Бозоски.

Финансиска полиција упадна во фирма од Куманово: Осомничена за проневера на 22 милиони денари

👉 Согласно добиеното Решение за реконструкција, Бозоски требаше да изврши промена на покривот на објектот наречен „Камен магацин“;

👉 Наместо тоа, прилепскиот заменик градоначалник ги срушил ѕидовите и меѓукатната конструкција над приземјето и првиот кат, за што е потребно Одобрение за надградба кое тој го нема;

👉 Заменик градоначалникот и советник на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Бозоски, нема побарано ниту основен сообраќаен проект за времен режим на сообраќајот, заради што за време на извршување на градежните активности сообраќајот се одвива само во една коловозна лента, бидејќи другата е окупирана од камиони, материјали и градежен шут;

„Е*ам глупи за каузата“ – Костова: Ова е нивото на комуникација и основна [не]култура на Богојески – Што реформи во образование?

👉 Како капак на се’, изведувач на работите е „Јасмин Транс“ од Лажани, фирма на која неодамна и’ беше одземена „Б“ лиценцата за изведување на градби.

➡️ Во една скорешна изјава за медиумите, Диме Бозоски рече: „Себеси се гледам како сериозна опција за градоначалник кој ќе донесе промени и развој на својот град. Со долгогодишно искуство во економијата, бизнисот и локалното управување, најавувам дека сум подготвен да одговорам на предизвиците и да понудам конкретни решенија за подобар Прилеп“.

Ако вака се однесува како заменик градоначалник, можеме да замислиме што би правел Бозоски како “татко на градот“.

✔️ РЕЗИМЕ: Заради злоупотреба на функцијата заменик градоначалник и член на Советот на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Бозоски мора да поднесе оставка од двете функции, а надлежните институции против него да покренат обвинение за сторено кривично дело! – стои во објавата.

ЛИНК од објавата

Пронајдете не на следниве мрежи: