Многу жени постојано се борат со кората од портокал што се јавува најчесто во пределот на бутовите и задникот,но знае да се појави и на други делови од телото. Кога ќе дојде лето, се закажуваат третмани, масажи, се купуваат секакви кремови и слично, но дали сето тоа има некаков ефект?
Има ефект, но само визуелен, тврдат лекарите. Кога одите на масажа, поради движењата и силниот притисок кожата набабрува, па се чини дека нема целулит, но тој всушност само се сокрил оздола. Доколку сакате целосно да го отстраните целулитот, промените треба да се внатрешни.
Покрај правилната исхрана и внесувањето доволно количество вода, мора да вежбате. Кај жените кои редовно вежбаат, мускулите се толку развиени и цврсти што поткожните маснотии кои го создаваат целулитот не можат да стигнат до дермата – слојот на кожата каде што се гледа целулитот.
Станува збор за следниве вежби: клекнувања, подигнување нога во страна, подигнување на нозете додека лежите на грб или стомак, како и аеробните вежби. Секако дека не е доволно да вежбате само еднаш, па да направите пауза. За најдобар и најдолг ефект, потребно е да вежбате минимум три пати неделно по половина час или час.
Доколку не ви се допаѓаат класичните вежби, возете велосипед, одете на пливање и шетајте колку што можете повеќе.