ФИФА во понеделникот објави дека одобрила уште една технологија на гол линијата, трета по ред.Светската куќа на фудбалот веќе ја издала лиценцата за овој систем, со што тој стана кандидат за избор за Светското фудбалско првенство што во 2014 година ќе се одржи во Бразил.Германскиот производител „Cairos systems“, користи магнетен состав кој е поставен околу голот и кој одредува дали топката ја минала гол линијата или не.ФИФА објави дека е можно уште еден систем, кој исто така е од германско производство, да добие лиценца.Меѓународната фудбалска федерација одобри користење на видео технологија на гол линијата, откако се случија многу инциденти, во кои на екипи им беа поништени регуларни погодоци или судиите имале лоши проценки околу тоа дали топката ја минала гол линијата.ФИФА мината недела потврди дека современата технологија ќе се употребува на Купот на конфедерации во 2013 година и Светското првенство во Бразил во 2014 година.
МакфаксФИФА во понеделникот објави дека одобрила уште една технологија на гол линијата, трета по ред.