Роберт Фицо, премиерот на Словачка, се согласи со неговиот партиски колега (партија СМЕР), член на ЕП, Љубош Блага, кој рече дека рускиот претседател Владимир Путин е исклучителен државник.
Блага ја посети Русија и се сретна со директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин.
„Нема да ги критикувам моите колеги поради различните контакти што ги имаат, а се сретнав и со Путин. Кого да критикувам? Се разбира, го сметам рускиот претседател за исклучителен државник. И сега треба да критикувам некого за средба со претставници на Русија? Како мислиме дека можеме да го решиме конфликтот во Украина ако одбиеме каков било дијалог“, рече Фицо, пренесува Спутник.



