Фон дер Лајен: Бугарија ќе биде уште посилна по воведување на еврото!

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ѝ честиташе на Бугарија за позитивниот извештај за конвергенција на ЕК, објави БГНЕС.

„Благодарение на еврото, економијата на Бугарија ќе стане посилна, со поголема трговија со партнерите од еврозоната, странски директни инвестиции, пристап до финансии, квалитетни работни места и реални приходи. Бугарија ќе го заземе своето заслужено место во процесот на донесување одлуки во срцето на еврозоната. Честитки, Бугарија!“, рече фон дер Лајен.

„Еврото е опиплив симбол на европската сила и единство. Денес, Бугарија е еден чекор поблиску до неговото усвојување како валута“, додаде таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: