Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија на Украина.
По тој повод таа објави: „На третата годишнина од бруталната руска инвазија, Европа е во Киев. Денеска сме во Киев, бидејќи Украина е Европа“.
Во својата објава на социјалната мрежа „Х“, шефицата на ЕК додаде: „Во оваа борба за опстанок, не е загрозена само судбината на Украина, туку и судбината на Европа“.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос, вчера порача дека би сакала да ја види Украина како следна земја во ЕУ, наведувајќи дека на државата ѝ е потребна постојана политичка, економска и воена поддршка. Еврокомесарката смета дека Украинците покажале неверојатна храброст и се борат не само за својата земја, туку и за слободата, достоинството и иднината.



