Фон Дер Лајен полека ја губи поддршката на конзервативната група партии за нов мандат на чело на ЕК

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен полека ја губи поддршката на конзервативната група партии за нов мандат на чело на ЕК и веројатно дека на нејзиното место би дошле или грчкиот премиер Мицотакис, хрватскиот премиер Пленковиќ или претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола пишува германски Билд повикувајќи се на извори во политичкиот врв на ЕУ.

Како што пишува весникот и Мицотакис и Пленковиќ веќе изразиле интерес за понудата да се кандидираат за наследник на Лајен. Според изворите на весникот наводно Лајен за нова кандидатура немала поддршка дури ни внатре во нејзината ЦДУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: